Ви го претставуваме најнапредниот механизам за лизгачка врата: Моделот 7030 од турскиот производител „Албатур“.
Станува збор за внатрешен систем со бесшумно водење, кој може да користи и иверка, и медијапан. Максималниот капацитет за една врата е 70 килограми, а може да се користи дебелина на вратата од 16 до 20 мм.
Системот има лесен начин на отворање и затворање и користи кочници за меко затварање, а може да користи 2, 3 или 4 врати.
Има лесна нивелација на долните тркала, со што се прилагодува висината на посакуваните димензии. Работи тивко и има долг век на траење поради високо квалитетни тркала со лагери. Брзо и лесно се монтира, а тркалата се монтираат со надворешно штрафење.
Монтажата на системот можете да ја погледнете на видеото:
Скиците од механизмот се достапни на: